logo
logo
logo

Неодамна се разведе А ЕВЕ СО КОГО СЕГА СЕ ПОТИ АНА ИВАНОВИЌ

Vecer | 21.08.2025

Неодамна се разведе А ЕВЕ СО КОГО СЕГА СЕ ПОТИ АНА ИВАНОВИЌ

Пред неколку дена, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (37) објави видео на кое покрај неа се појавува мистериозен маж. Сега е откриено дека станува збор за нејзиниот фитнес тренер Фран Моја.

Убавицата од Белград, која во текот на летото споделуваше со своите следбеници фотографии од одмори и вечерни излегувања, реши да покаже дека се вратила на сериозен режим на вежбање. Во гореспоменатото видео може да се види како прави чучњеви со тегови, додека во позадина е маж кој го привлече вниманието на многумина.

Фитнес тренер од Мајорка

Станува збор за човек по име Фран Моја, по потекло од Мајорка. Порано бил спортист, но поради повреда како тинејџер, се откажал од својата професионална кариера и се посветил на фитнесот. Денес, тој води своја веб-страница и апликација, преку која нуди личен и групен тренинг, како и планови за исхрана.

Коментарите под објавата исто така покажаа дека меѓу нив двајца има добра енергија. Ана го нарече својот тренер „најдобар“, со неколку емотикони, додека тој одговори: „Ви благодарам многу, продолжете така“.

Згодниот Шпанец веднаш го привлече вниманието на обожавателите на Ана, кои забележаа дека меѓу нив постои посебна хемија. Сепак, засега се чини дека станува збор само за деловна соработка, а поранешната тенисерка број еден во светот изгледа задоволно и мотивирано додека работи на својата форма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk