logo
logo
logo

СЛАБО ВИ ГРЕЕ РАДИЈАТОРОТ, еве начин да се реши тоа

Vecer | 21.12.2025

СЛАБО ВИ ГРЕЕ РАДИЈАТОРОТ, еве начин да се реши тоа

Како што температурите надвор паѓаат, сите сакаме домот да биде топол и пријатен. Сепак, ако радијаторите се загреваат бавно или се топли само наполовина, можеби проблемот не е кај котелот, туку кај самите радијатори. Решението е едноставно и бара само неколку минути и основен алат кој веќе го имате дома.

Зошто радијаторите не се загреваат рамномерно

Неравномерното загревање не само што ја намалува ефикасноста на системот за греење, туку може да предизвика и корозија. Решението е: ослободете го воздухот од радијаторот и дозволете топлината да циркулира.

Како сами да испуштите воздух од радијаторите – чекор по чекор

Не е потребно да повикувате мајстор. Сè што ви треба веќе го имате дома е мал клуч за радијатор (или обичен шрафцигер, зависно од моделот) и крпа или сад за вода.

Чекори:

Исклучете го греењето.

Проверете дека системот е целосно изладен за да избегнете изгореници.

Подгответе крпа или стар пешкир.

Поставете ја под вентилот за да впие евентуални капки вода.

Пронајдете го вентилот за испуштање воздух. Обично е на горната страна на радијаторот, лево или десно.

Полека отворајте го вентилот.

Со помош на клуч или шрафцигер свртете го вентилот налево. Ќе чуете шшш – тоа е воздухот кој излегува.

Почекајте додека не почне да тече вода.

Кога ќе почне да тече вода, завртете го вентилот надесно за да го затворите.

Повторете на сите радијатори, почнувајќи од најблискиот до котелот, а завршувајќи со најоддалечениот.

Проверете го притисокот во системот. Идеален притисок е помеѓу 1 и 2 бар. Ако е понизок, дополнете го системот според упатствата на производителот.

Колку често треба да се испушта воздухот од радијаторите

Најдобро е да се прави два пати годишно – пред почетокот на грејната сезона и на средина на сезоната. Ова обезбедува рамномерно загревање, пријатен дом и помали сметки за греење.

Редовното одржување на радијаторите го продолжува нивниот животен век и спречува оштетување на цевките и вентилите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk