logo
logo
logo

КОМПРОМИС ВО БРИСЕЛ - Технолошките гиганти добија повеќе време за прилагодување кон правилата за AI

Vecer | 07.05.2026

КОМПРОМИС ВО БРИСЕЛ - Технолошките гиганти добија повеќе време за прилагодување кон правилата за AI

Европската унија постигна компромисен договор за измена на регулативата за вештачка интелигенција, со кој се предвидува олеснување на правилата за технолошкиот сектор и одложување на нивната примена.

Според информациите од кипарското претседателство, новите измени значат поедноставување на административните процедури за компаниите, но со истовремено зајакнување на заштитата од злоупотреби. Една од клучните новини е целосната забрана за создавање на сексуално експлицитни „дипфејк“ содржини без согласност.

Иако Брисел останува на патот кон строга контрола на технологијата, роковите за имплементација на правилата за високоризични системи се поместени за декември 2027 година, односно 2028 година за одредени специфични производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk