На социјалните мрежи се појави прекрасно видео кое покажува како свештеник се фатил за оро заедно со фолклористите во Невесиње и фино го „заситнил“. Во Невесиње, по повод Спасовден се организирал настан и празнична програма за одбележување на овој голем празник.
По литургијата, свештеникот, фолклористите, како и други граѓани заиграле оро пред црквата „Свето Вознесение Христово“.
Постапката на свештеникот предизвика многу позитивни реакции.
- Убаво е кога свештеникот е со својот народ;
- Браво, тоа се вика господин и човек од народот;
- Да се врати орото и веселбата во секоја црковна порта. Тоа било од дамнешни времиња;
- Прекрасна снимка. Нашите прекрасни деца, а орото го води свештеник. Милина да се гледа - се само дел од коментарите под видеото објавено од Бранислав на социјалните мрежи.
Погледнете:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата