logo
logo
logo

Полски хотелски синџир нуди награда за парови кои ќе зачнат бебиња во нивните објекти

Vecer | 21.09.2025

Полски хотелски синџир нуди награда за парови кои ќе зачнат бебиња во нивните објекти

Полски хотелски синџир воведува награда за парови кои ќе зачнат бебиња во нивните објекти за да помогне во демографското закрепнување на земјата, каде што стапката на наталитет постојано опаѓа веќе 12 години.

Синџирот „Арче“, кој се занимава и со недвижности, има 23 хотели, бројни згради и конференциски сали низ Полска.

Компанијата вети дека покрај наградата, ќе понуди и бесплатни семејни прослави како што е крштевање на дете за парови кои можат да докажат дека го зачнале бебето во неговите хотели.

Полската компанија вети и дека паровите кои ќе купат стан од нив и ќе добијат бебе откако ќе се вселат ќе добијат бонус од околу 2.340 евра, објави телевизијата BFM.

Понудата важи за парови во кои барем еден од партнерите има полско државјанство, живее во Полска и е полнолетен.

Компанијата дава и бонуси на своите вработени кои имаат деца.

Во Полска, во 2024 година, бројот на новороденчиња бил за 157.000 помалку од бројот на смртни случаи, а се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години, предвидуваат службите за социјална помош.

На крајот на јуни, Полска имала население од 37,4 милиони, што е за еден милион помалку отколку во 2015 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk