logo
logo
logo

Книгите сè уште се забрануваат во Америка

Vecer | 06.10.2025

Книгите сè уште се забрануваат во Америка

Во учебната 2024-25 година, забраните за книги се однесувале на повеќе од 3.700 наслови во 87 области во Соединетите Американски Држави, поточно во 23 држави.

Најчесто забрануваните книги во училиштата вклучуваат ЛГБТ наслови, меѓународни бестселери и тинејџерски љубовни романи, според новиот извештај што ја споредува модерната цензура со онаа од ерата на Студената војна, објавува НБЦ њус.

„Притисоците за цензура се проширија

Извештајот на непрофитната организација PEN America, која се залага за слобода на изразување, беше објавен пред Неделата на забранети книги.

„Притисоците за цензура се проширија и ескалираа. Вознемирувачкото „секојдневно забранување“ и нормализацијата на цензурата се влошија и проширија во текот на изминатите четири години“, рече Кејси Михан, директор на програмата „Слобода за читање“.

Три држави водат

Меѓу најзабранетите наслови беа „Пеколен портокал“ од Ентони Бурџис и „Зло“ од Грегори Магваер, додека меѓу најзабранетите автори беа Стивен Кинг, Сара Џ. Мас и Џоди Пиколт.

Повеќе од 80 проценти од сите забрани доаѓаат само од три држави – Флорида, Тексас и Тенеси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk