logo
logo
logo

КОЦКА СО ДРЖАВНА ТАЈНА - Уапсен војникот кој го приведе МАДУРО

Vecer | 24.04.2026

КОЦКА СО ДРЖАВНА ТАЈНА - Уапсен војникот кој го приведе МАДУРО

Припадник на американските специјални сили, кој бил директно вклучен во операцијата за киднапирање на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, е уапсен под несекојдневно обвинение: се обложил на исходот на сопствената мисија.

Според истрагата, Ганон Кен Ван Дајк кон крајот на декември отворил сметка на платформата за предвидувања „Полимаркет“ (Polymarket) и вложил 32.000 долари на опцијата дека Мадуро ќе биде „отстранет“ до јануари. Со оглед на тоа што тој однапред го знаел планот и времето на операцијата, Ван Дајк на оваа облога остварил нето профит од неверојатни 400.000 долари.

Како е откриен?

„Полимаркет“ е онлајн платформа каде корисниците тргуваат со веројатноста за различни исходи, од избори и војни, до глобални економски кризи. Токму невообичаено високиот влог за специфичен настан поврзан со Венецуела го привлекол вниманието на надлежните органи. По извршената проверка, податоците воделе директно до американскиот специјалец.

Злоупотреба на државни тајни за личен профит

Случајот предизвика бура во јавноста бидејќи Ван Дајк не се соочува само со обвиненија за учество во нелегална операција против странски претседател, туку и за класично профитерство преку злоупотреба на доверливи информации. Инспекторите сега се обидуваат да утврдат дали тој дејствувал сам или во мрежа со други лица кои исто така имале пристап до плановите на мисијата.

Овој инцидент се заканува да прерасне во сериозен скандал за американските безбедносни структури. Тој ги отвора прашањата за контролата на специјалните операции, етиката во воените кругови и ранливоста на државните тајни во ерата на платформите за дигитално обложување на реални настани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk