logo
logo
logo

НЕВИНОСТА ЈА ПРОДАДОВ ЗА 2 МИЛИОНИ! Сакала да заработи за студирање, па и се бендисало...

Vecer | 12.03.2025

НЕВИНОСТА ЈА ПРОДАДОВ ЗА 2 МИЛИОНИ! Сакала да заработи за студирање, па и се бендисало...

Британската студентка која ја продаде невиноста за 1,6 милиони фунти (околу два милиони евра) откри дека не жали и сега сака да стане спонзоруша која ја сакаат богатите мажи.

Лаура (22) од Манчестер е една од сè поголемиот број млади жени кои ја продале својата невиност на веб-страниците за придружба за големи суми пари. И покрај тоа што е родена во „многу строго“ семејство со религиозно потекло, таа за MailOnline изјавила дека „никогаш не сакала да биде сама и шворц“ и верува дека е, логично, што продажбата на нејзината невиност била лесно решение.

Иако дознала дека човекот кој најмногу лицитирал за нејзината невиност е холивудски актер кој го посетил островот на педофилот Џефри Епштајн, Лаура сепак спиела со него.

Сега, речиси една година откако ја изгубила невиноста и станала богата, Лора вели дека „не жали за ништо“. Сега се надева дека ќе живее од барањата на заинтересираните мажи да и плаќаат 30.000 фунти месечно за задоволството на нејзиното друштво.

Девојката првпат одлучила да ја продаде невиноста во декември 2023 година, кога се пријавила на сајтот за придружба. Лаура потоа била канета на настани за да се сретне со потенцијалните „купувачи“ пред на крајот да го „преземе следниот чекор“ само неколку месеци подоцна. Потоа бил договорен датум за настанот, а член на тимот на страницата за придружба подоцна ја придружувал до хотелот со пет ѕвезди во Лондон за да се сретне со човекот кој платил речиси два милиони евра за да има секс со неа. Лаура рекла дека мажот дури и донел лекар за да ја „потврди“ нејзината невиност.

"Кога беше купена мојата невиност, договоривме ден каде ме поканија во хотел да преноќам со него. Истиот ден, тој донесе лекар со себе за да ја потврди автентичноста на мојата невиност. Купив станови за издавање, а остатокот го искористив за нова облека. И јас патував. Не сакав сето тоа веднаш да го потрошам", изјавила оваа убавица.

Лаура која рекла дека и е „неверојатно колку познатите луѓе сакаат девици“, рекча дек продажбата и овозможила ексклузивен пристап до некои од круговите на славните од највисоката А листа, наведувајќи дека излегувала со „НБА играчи, играчи од Премиер лигата и политичари“. 

Видео интервјуто на Лаура можете да го погледнете ОВДЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk