logo
logo
logo

ПЕТ ЗЕМЈИ ВО КОИ БОЖИК Е ЗАБРАНЕТ

Vecer | 26.12.2025

ПЕТ ЗЕМЈИ ВО КОИ БОЖИК Е ЗАБРАНЕТ

Постојат земји во кои Божиќ не се слави како официјален празник, а причините за тоа најчесто се од културна или верска природа.

Пет земји во кои Божиќ не се слави

Северна Кореја

Во Северна Кореја нема место за верски празници како Божик. Тоталитарната идеологија на државата не толерира религија, бидејќи ја гледа како конкуренција на државната моќ и култот на личноста што со години се гради околу династијата Ким.

Секој облик на прослава на Божик може да резултира со затвор.

Наместо христијански празници, државниот календар е исполнет со датуми што го слават раководството и историјата на режимот. Најважниот зимски настан е годишнината од раѓањето на Ким Џонг Ил (17 декември). Западните влијанија, вклучувајќи ги и божикните обичаи, систематски се отстрануваат од јавниот живот.

Саудиска Арабија

Како родно место на исламот, Саудиска Арабија со децении има многу јасен став кон Божик: тој е неспоив со исламската доктрина. Со години јавните украси, божикните елки и секоја видлива прослава беа строго забранети, а прославите беа ограничени на приватни простори и дипломатски кругови.

Во последните години дојде до одредени мали олеснувања, главно поради обидите за економска модернизација и отворање кон туризмот. Во некои луксузни хотели и трговски центри во поголемите градови денес може да се видат дискретни „сезонски“ декорации – но без отворени верски симболи.

Сепак, јасно е дека ова е исклучок, а не правило. Во саудиската култура, главните празници остануваат Рамазански бајрам и Курбан-бајрам, кога целата земја навистина влегува во празничен дух.

Брунеј

Брунеј спроведува строга верзија на шеријатскиот закон, кој во голема мера го регулира јавниот простор. Иако на немуслиманите им е дозволено да го слават Божик во приватност, сè што може да се смета за „промовирање на друга религија“ меѓу муслиманите се смета за проблематично.

Во пракса, тоа значи дека божикни елки, светилки, јасли, па дури и носење капа на Дедо Мраз во јавност може да резултира со високи казни. На компаниите им е забрането да го рекламираат празникот, а властите јавно ги предупредија граѓаните да се воздржат дури и од испраќање божиќни честитки во јавност.

Како резултат на тоа, Божик во Брунеј е речиси целосно ограничен на приватни домови и немуслимански кругови.

Сомалија

Сомалија, земја со муслиманско мнозинство и сложена безбедносна ситуација, оди чекор понатаму: Божик е целосно забранет.

Причините се комбинација од верски идентитет и безбедносни проблеми – властите сметаат дека јавните прослави на христијански празник би можеле да поттикнат тензии и да предизвикаат реакции од екстремистички групи.

Јавните украси, божикните миси, па дури и вообичаени фрази како „Среќен Божик“ се забранети во земјата. Фокусот е исклучиво на исламските празници, а секое јавно изразување на друга религија се смета за предизвик за националното и верското единство.

Таџикистан

За разлика од претходните примери, Таџикистан формално не го забранил Божик, но властите активно го обесхрабруваат. Ова е дел од поширока политика на ограничување на странските културни и верски влијанија, паралелно со зајакнување на националниот идентитет.

Властите повеќепати им советувале на училиштата и на компаниите да не поставуваат украси или да организираат прослави, а продажбата на божикни елки и украси може да биде ограничена. Целта не е сузбивање на приватната религија, туку спречување на јавното ширење на обичаи што се доживуваат како „увезени“.

Наместо тоа, државата силно ги промовира традиционалните прослави како Новруз (персиската Нова година), кој е еден од клучните празници во нивниот регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk