logo
logo
logo

Млада жена има необична професија и плата од 30.000 долари

Vecer | 04.10.2025

Млада жена има необична професија и плата од 30.000 долари

Тејлор Хамфри, консултант за имиња на бебиња со седиште во Сан Франциско, заработува за живот давајќи совети за совршени имиња за децата на богатите клиенти и познати личности за надомест од 30.000 долари (околу 25.000 евра).

Нејзините клиенти вклучуваат политичари и познати личности, а нејзиниот бизнис цвета, објави „Тајмс“.

Хамфри (37) има повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи и досега им помогнала на околу 500 семејства да најдат имиња за бебиња.

Критичарите на нејзината работа велат дека таа е симбол на претерување на супербогатите и на калифорниската ексцентричност.

Хамфри истакнува дека нејзините клиенти доаѓаат од целиот свет и тврди дека името може да го одреди исходот за животот на една личност.

„Имињата апсолутно го обликуваат тоа што сте“, рече Хамфри, забележувајќи дека имињата го обликуваат пристапот што луѓето го имаат во животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk