Листата на најдобри нудистички плажи во Европа вклучува пет шпански – од огромните Плајас де Вера во Алмерија до Маспаломас на Гран Канарија, каде што само дел од плажата е резервиран за нудисти.
Додека во некои делови од светот нудистичките плажи се забранети, во други тие се главна туристичка атракција. Ова второ непишано правило важи за Европа.
Дали сте љубител на нудистички плажи, но не знаете која да ја посетите и истражите? „Дејли меил“ ги објави најдобрите нудистички плажи на Стариот континент.
На листата на најдобри нудистички плажи во Европа се наоѓаат пет шпански – од огромните Плајас де Вера во Алмерија до Маспаломас во Гран Канарија, каде што само дел од плажата е резервиран за нудисти.
Нудистички плажи во Хрватска
Франција е претставена со три плажи – плажата Тахити во Сен Тропе, Багира на Корзика, како и нудистичкиот град Кап д'Агд на југот од земјата.
„Сахара е популарна кај нудистите, но нема содржини, па туристите ќе мора сами да си спакуваат храна пред да дојдат тука“, ги советуваа тие своите читатели.

На листата се наоѓаат по една плажа од Португалија, Италија, Грција, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Полска, Литванија и Латвија.
Ви ја претставуваме листата на најдобрите нудистички плажи во Европа, според „Дејли меил“:
• Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија
• Праја де Адика, Португалија
• Плајас де Вера, Шпанија
• Плаџа де Кавалет, Шпанија
• Ел Торн, Шпанија
• Плаја де Торимбија, Шпанија
• Кап Д'Агд, Франција
• Плажата Тахити, Франција
• Багира, Корзика, Франција
• Је Бенас, Сардинија, Италија
• Филаки, Грција
• Нугал, Хрватска
• Сахара, Раб, Хрватска
• Калантсуг, Холандија
• Сондерстранд, Данска
• Хук, Норвешка
• Агеста, Шведска
• Leba Plaza Naturistiscna, Полска
• Швентоји, Литванија
• Плажа Вечаки, Латвија
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата