Фотографот Луис Џонс, Британец кој е популарен на Инстаграм поради своите необични фотографии, бил во Белград и не направил ништо повеќе од тоа што посетил една зграда.
Имено, тој на својот Инстаграм профил напиша дека патувал шест часа само за да види една зграда во српската престолнина.
„Лет со авион и 6-часовно возење со автобус, само за да ја видите оваа зграда? Да, но ќе ви кажам, Белград ме изненади неизмерно и стана еден од моите омилени градови. Бев воодушевен од тоа колку беа сите љубезни, колку уметнички изгледаше градот и, секако, од архитектурата“, напиша овој Британец, а на фотографијата зад него стои кулата Генекс, еден од симболите на Белград.
Ова ремек-дело на модерната архитектура е дизајнирано од архитектот Михајло Митровиќ и се состои од две бетонски кули поврзани со мостовна конструкција, со ресторан на кружниот врв.
Над мостот се наоѓа дигитален часовник, кој исто така има за цел да го нагласи футуристичкиот пристап кон дизајнот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата