Полска сака да им забрани на учениците под 16 години да користат мобилни телефони во училиштата од 1 септември и планира да воведе построги правила за проверка на возраста за пристап до порнографски содржини на интернет, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ја забранија употребата на паметни телефони во училиштата поради загриженост дека тие негативно влијаат на концентрацијата и однесувањето на учениците, објави Ројтерс.
Други земји забранија или размислуваат да им забранат на децата пристап до социјалните медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата