Коко Шанел во 1921 година создаде парфем што стана револуционерен за жените – Шанел број 5.
Парфемот брзо стекна статус на најпрепознатлив во светот, а Шанел сакаше да создаде мирис кој ќе ја отсликува современата жена што таа ја претставуваше.
Како девојка, ги помина тинејџерските години во манастир, каде разви љубов кон чистотата и свежината на мирисот на сапун. Кога одлучи да нарача парфем за своите клиентки, сакаше мирис кој ќе трае и ќе остане свеж. Проблемот беше што тогашните парфеми најчесто беа цитрусни и брзо исчезнуваа од кожата.
Тогаш Шанел го запозна парфимерот Ернест Бо, кој ја прифати предизвикот. Бо создаде неколку примероци, меѓу кои таа го избра број 5. Постојат гласини дека тоа било резултат на грешка во лабораторија, бидејќи помошникот на Бо случајно додал премногу алдехиди – хемикалии кои даваат мирис сличен на сапун.
Мирисот веднаш стана успех, делумно благодарение и на генијалните маркетинг потези на Коко Шанел.
Еден од најпознатите моменти беше кога Шанел го распрска парфемот во луксузен ресторан, поради што жените застануваа и прашуваа за мирисот. Тоа беше моментот кога парфемот стана пресвртница во историјата и стана исклучително популарен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата