Неименуван маж од градот Жабоатао дос Гуарапес во Бразил, во сојузната држава Пернамбуко, сакал сам да го реновира својот стан, поради што решил да сруши неколку ѕидови без да сфати дека ќе ја сруши целата зграда.
Имено, во желбата да ја прошири дневната соба, Бразилецот срушил неколку ѕидови, што предизвикало преоптоварување на конструкцијата (бидејќи, веројатно, го срушил и носечкиот ѕид на зградата) што резултирало со уривање на бетонската половина од станбената зграда - тој дури и не помислил на тоа во своите кошмари.
Сепак, за среќа, на оваа несреќна личност, инспекторката Дениз Мајја потврдила дека не е единствениот одговорен за уривањето бидејќи и други станари ги извршувале работите без претходна консултација со архитект, градежен инженер и изведувачот.
- Регионалниот совет за инженерство и агрономија на Пернамбуко не добил никакви официјални информации за тоа кој извршува работи во зградата, ниту за природата на тие работи. Со проверка на нашиот систем, откривме дека апсолутно нема никакви податоци за реновирање на станови. Очигледно е дека станарите сами ги извршиле сите реновирања, рекла инспекторката, додавајќи дека станарите на зградата биле евакуирани на време, односно на 4 мај - два дена пред нејзиното уривање.
Таа, исто така, изјавила дека на станарите не им е забрането да ги реновираат своите станови, но отсега е потребно секоја структурна интервенција да биде под контрола на инженер, особено ако станува збор за таканаречени „кутии“ згради, во кои ѕидовите ја носат тежината на целата структура.
Бразилските медиуми објавија дека локалните власти започнале преговори со владата на сојузната држава Пернамбуко, така што трошоците за отстранување на урнатините ќе ги покрие државата или, евентуално, осигурителна компанија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата