На небото на 27 мај се појавува млада Месечина во знакот на Близнаци, носејќи моќен бран нови идеи, мисли и комуникација. Ова е момент кога менталната енергија се забрзува, а љубопитноста и потребата за поврзување со другите добиваат нова димензија.
Близнаци се хороскопски знак на учење, изразување и дијалог –затоа ова лунарно ресетирање е идеално за секој што сака да започне разговор, да напише нешто ново, да учи, да зборува, да патува или да ги прошири своите хоризонти.
Овој пат, младата Месечина не е сама. Му се придружуваат Меркур (планетата на мислата и комуникацијата) и Јупитер (планетата на експанзијата, среќата и визијата). Заедно, тие носат можност за она што го кажуваме и сега почнуваат да имаат долгорочно значење.
Зборовите можат да имаат многу поголема моќ отколку што сфаќаме – затоа избирајте ги внимателно, но и искрено.
Ова е време да проговорите – јасно, смело и отворено, а еве што носи оваа Млада Месечина за секој знак.
Овен
Време е повторно да се поврзете со блиските, особено преку комуникација, кратки патувања и учење. Ако планирате да започнете подкаст, предавање или едукативна приказна – не двоумете се. Марс ви дава дополнителна говорничка харизма.
Бик
Ви се отвора ново финансиско поглавје. Можеби ќе има можност за дополнителна работа или откривање начин да претворите една од вашите вештини во приход. Иако Јупитер и Меркур го напуштија вашиот знак, сега ги гледате плодовите од сè што посеавте во мај.
Близнаци
Младата Месечина е во вашиот знак – светлата се насочени кон вас! Ова е момент за лична обнова, промена во изгледот, енергијата и идентитетот. Меркур и Јупитер ве поддржуваат – ако сакате да им кажете на сите кои сте сега, направете го тоа без двоумење.
Рак
Вашиот внатрешен свет станува гласен. Активирано е 12-то поле – интуицијата, соништата и потиснатите мисли бараат израз. Пишувањето, медитацијата, повлекувањето и тишината носат одговори за кои не сте ни знаеле дека ги барате.
Лав
Социјалниот живот се буди! Влегувате во фаза каде што поврзувањето со групи, пријатели и заедници е важно. Марс во вашиот знак ја зголемува вашата привлечност – луѓето не само што ве слушаат, туку сакаат и да ве следат.
Девица
Нов кариерен развој е на повидок. Можеби ќе добиете важна задача, признание или ќе ви текне одлична идеја за професионална промена. Меркур и Јупитер ве поддржуваат да зборувате професионално, јасно и со авторитет.
Вага
Ќе сакате да излезете од вашата позната околина. Вашата 9-та куќа е активирана – учете, патувајте, размислувајте пошироко. Можни се можности за курсеви, студии, контакти со странци или деловни партнерства од странство.
Шкорпија
Фокусот е на она што го споделувате со другите – без разлика дали станува збор за емоции, ресурси, пари или доверба. Младата Месечина носи можност за подлабоки врски или важна одлука во врска со заеднички инвестиции и интимни теми.
Стрелец
Партнерските односи се во центарот на вниманието – љубов, бизнис, пријателство. Јупитер, вашиот владетел, дава дополнителна сила на оваа фаза. Можеби ќе сретнете личност која ќе ви ја промени перспективата или ќе обнови важна врска.
Јарец
Ова е вистинскиот момент да го реорганизирате секојдневниот живот. Младата Месечина носи нови навики, работни рутини и поздрав начин на живот. Посветете се на вашето тело, работа, ефикасност и сè што ви го олеснува денот.
Водолија
Вашата 5-та куќа – креативност, љубов и задоволство – сега сјае силно. Идеално време за уметнички проект, љубовна авантура, хоби што ве исполнува. Дајте си простор да играте и да се изразите.
Риби
Вашето внимание е насочено кон семејството, домот и емоционалната стабилност. Можеби размислувате за преселба, реновирање или сакате да поминувате повеќе време со вашите најблиски. Слушајте ја вашата интуиција – таа знае каде ве води.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата