logo
logo
logo

СЕ ОГРАНИЧУВА ПЛОВИДБАТА НА СКУТЕРИ И ЧАМЦИ на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Vecer | 02.06.2026

СЕ ОГРАНИЧУВА ПЛОВИДБАТА НА СКУТЕРИ И ЧАМЦИ на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

На предлог на Министерството за транспорт, Владата донесе одлука за ограничување на пловидба на скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро со цел зголемување на безбедноста, заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води.

Photo: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно владината одлука, пловидбата на скутери се ограничува во период од 1 јули до 31 август од 11 до 19 часот. Пловидбата на чамци, пак, се ограничува од 3 јуни до 31 август во времетраење од 21 до 5 часот, од 1 до 30 септември во времетраење од 20 до 6 часот и од 1 до 31 октомври во времетраење од 19 до 6 часот.

„Одлуката се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата“,

информираат од Министерството за транспорт и апелираат на почитување на мерките.

Оттаму додаваат дека надлежните служби ќе вршат и засилени контроли, а за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно прописите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk