Повеќе документи од осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн (Кој има еврејско потекло) ги поттикнаа тврдењата дека тој бил шпион, откако во документите се појавија „врски со Мосад“.
Во низа документи и анализи на експерти објавувани на американските медиуми и подкасти се тврди дека е можно Епштајн да бил “проект на Мосад“ со цел компромитација и држење под контрола и влијание на “елитата“ во САД а потоа и пошироко бидејќи тој самиот немал ни пари, позиција ни контакти за така длабоко навлегување во “елитата“ и дека зад него стои голема екипа експерти и многу потрошени пари за “прокетот“.
Во преписка од 2017 година, индиско-американскиот гуру за велнес и автор Дипак Чопра го поканил Епштајн да му се придружи на посетата на Тел Авив, нудејќи му да патува под лажно име и да ги донесе „неговите девојки“, објави „Тајмс“.
Сепак, Епштајн одговорил дека Израел „воопшто не му одговара за тоа“ и предложил друга дестинација.
Документите, објавени меѓу милиони досиеја на Епштајн, прикажуваат контрадикторна слика за неговите односи со Израел.
Извештајот на ФБИ од 2020 година го наведува тврдењето на доверлив извор дека Џефри Епштајн бил „регрутиран агент на Мосад“ и наводно имал врски со американските и сојузничките разузнавачки операции преку неговиот адвокат, Алан Дершовиц (Дершовиц, исто така, има еврејско потекло).

Дершовиц ги отфрли тие обвинувања, велејќи дека „ниту една разузнавачка агенција навистина не би му верувала на Епштајн“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека пријателството на Епштајн со поранешниот премиер Ехуд Барак се покажало како спротивно на тврдењата за шпионски врски.
Барак и неговата сопруга, Нили, често престојувале во станот на Епштајн во Њујорк, според документите, а нивниот контакт продолжил по првото апсење на Епштајн во 2006 година.
Барак подоцна изјавил дека се кае за тие врски.
Досиејата покажуваат дека Епштајн учествувал во инвестиција од 1,5 милиони долари во израелскиот стартап „Карбајн“, како и дека размислувал за инвестиции во други проекти во Израел.
Во една порака од 2018 година, Епштајн го замолил Барак „јасно да стави до знаење дека не работи за Мосад“.
Експертите се поделени околу можноста Епштајн да имал улога во разузнавањето.

Поранешната британска разузнавачка службеничка Линет Нусбахер изјавила дека е можно тој да бил „корисен“ за Мосад, но дека е малку веројатно дека бил формален агент.
Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година додека чекаше судење за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, останува во центарот на бројни теории на заговор.
Неговата долгогодишна соработничка Џилијан Максвел (И Максвел има еврејско потекло) отслужува 20-годишна затворска казна за нејзината улога во мрежата за злоупотреба.

Случајот поттикнува дополнителен интерес за улогата на Џилејн Максвел, чиј татко Роберт Максвел, британски медиумски магнат, со години беше осомничен за врски со Мосад и инвестирање милиони долари во израелската економија, ветувајќи му на поранешниот премиер Јицак Шамир инвестиции од „најмалку четвртина милијарда долари“.
Во 1991 година, Максвел беше пронајден мртов во морето покрај Канарските Острови откако падна од неговата јахта „Лејди Гислејн“ и беше погребан на Маслиновата Гора во Ерусалим, место резервирано за израелски функционери и истакнати граѓани.
Во некои од е-пораките на Епштајн од 2018 година се појавија шпекулации дека Максвел наводно бил убиен од Мосад, но многу експерти истакнуваат дека никогаш не се пронајдени докази што ги поткрепуваат таквите тврдења.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата