logo
logo
logo

МОЖНА ЗАБРАНА НА ДРУШТВЕНИ МРЕЖИ за лица под 16, најави британскиот премиер

Vecer | 08.06.2026

МОЖНА ЗАБРАНА НА ДРУШТВЕНИ МРЕЖИ за лица под 16, најави британскиот премиер

Британскиот премиер Кир Стармер најави можна забрана за социјалните медиуми за тинејџери или барем делумна забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години, објавија денес британските медиуми.

Британскиот премиер потврди дека сака да воведе забрана за споделување сексуално експлицитни слики меѓу младите преку електронски уреди, објави Скај њуз.

„Ги повикувам технолошките компании што работат во оваа земја да воведат контроли на уредите за да ги спречат децата да испраќаат и примаат сексуално експлицитни слики. Доколку одлучат да не го сторат тоа, тогаш ќе дејствуваме и ќе го промениме законот“, рече Стармер за време на говорот пред учесниците на Лондонската технолошка недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk