logo
logo
logo

Мултимилионер од Дубаи од жената бара „САМО“ 8 работи - ОВА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!

Vecer | 02.05.2025

Мултимилионер од Дубаи од жената бара „САМО“ 8 работи - ОВА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!

Милионерот од Дубаи, Рики неодамна на ТикТок сподели листа со очекувања што ги има од неговата убава сопруга Линда. Инаку, таа е многу популарна на оваа мрежа и се претставува како „оригиналната домаќинка од Дубаи“, а секојдневно споделува детали од својот луксузен, раскошен живот.

Убавата бринета, меѓу другото, редовно зборува за тоа колку пари троши Рики на неа секоја недела, а очекувано - овие бројки се баснословни.

Потоа изјавил дека очекува неговата сопруга да носи само дизајнерска облека, а таа никогаш не оди на шопинг без него. Тој исто така истакнал дека на Линда и е дозволено да вечера само во ресторани со пет ѕвезди.

Тој сподели и фотографија од сопругата во елегантен црн фустан, велејќи дека таа може да носи само Шанел. Неговото следно барање е таа никогаш да не се шминка сама, туку тоа да го прават само професионалци.

Рики наброја повеќе барања што ги има за својата избраничка - да му раѓа „слатки бебиња“, никогаш да не плаќа сметки и да биде авантуристички настроена во врската со него.

Не е сосема јасно дали овој милионер бил сериозен кога ги поставувал своите барања или делумно сатиричен, но едно е сигурно – предизвика бројни реакции и голема полемика во коментарите.

Инаку, Линда има само 24 години и по потекло е од Јордан, иако во раното детство се преселила во Америка со родителите. Иако го турка стилот на арогантна и мрзелива жена, вистината е дека Линда сама заработила кога имала само 19 години, основајќи медицински центар посветен на обликувањето на телото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk