Фронтменот на легендарната група Queen, британскиот пејач Фреди Меркјури почина во ноември 1991 година, а многумина сè уште ги интригира фактот дека не се знае каде е погребан. Денот пред неговата смрт, на 23 ноември, тој ѝ откри на јавноста дека е заразен со ХИВ, што била негова долго чувана тајна која ја знаела неговата пријателка Мери Остин (74). Фреди имаше посебен однос со неа. Тие беа во врска 5 години на почетокот на 1970-тите, а тој ја сакаше со години потоа, иако беше геј.
Остана покрај него и го поддржуваше во сè. Во последните денови, тој донесе важна одлука и тајна што Мери, веројатно, ќе ја понесе со себе во гробот - не сакале да открие каде е неговата урна со пепел. Тој ја обврзал со договор никогаш да не открие што направила со урната. Мери го испочитува договорот и никогаш не го предаде Фреди. Таа ги чувала сите негови тајни, вклучувајќи ја и оваа, 34 години. Таа дури и не им кажала ниту на родителите на Фреди каде е неговата урна. Меркјури ѝ остави имот во Лондон и околу 9 милиони фунти во готово. Денес таа живее во станот што го наследила од него.
Пред неговата смрт, Фреди беше во врска со фризерот Џим Хатон, кој почина во 2010 година на 60-годишна возраст. Тие ја започнаа својата врска во 1985 година и тој беше со него до последниот момент. Сепак, тој ѝ го препуштил богатството на Мери и ја предупредил дека куќата ќе биде голем предизвик иако таа сè уште не е свесна за тоа. Кога Меркјури почина, Мери имаше здравствени проблеми и беше на суд поради наследството што ѝ го остави Фреди.
„Помислив: „О, Фреди, ми остави толку многу, и толку многу товар“. Не мислев дека можам да се справам со тоа. Ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик отколку што мислев. Му сум благодарна што ме предупреди бидејќи брзо се соочив со многу љубомора“, рекла Мери во тоа време.
Биографот на Queen еднаш рекол за Мери дека таа била тука за него пред сè друго и после сè. Неговата болест беше тајна, и таа му вети уште од самиот почеток дека нема да каже никому, туку дека само тој може да го стори тоа, и тоа кога сака.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата