logo
logo
logo

„Биди мојот Валентајн на еден ден“ – акција на ЈП Лајка за вдомување кучиња

Vecer | 11.02.2026

„Биди мојот Валентајн на еден ден“ – акција на ЈП Лајка за вдомување кучиња

Во пресрет на Денот на вљубените, ЈП Лајка организира акција за запознавање на граѓаните со кучињата сместени во стационарот.

Акцијата „Биди мојот Валентајн на еден ден“ има за цел да му овозможи на секој еден да дојде во „Лајка“ да си одбере куче со кое ќе мине еден ден и потоа да одлучи дали ќе го врати назад или пак трајно ќе го вдоми.

Радмила Пешева од ЈП „Лајка“ вели дека оваа кампања наидува на добар одѕив од граѓаните.

„Со ова се обидуваме да покажеме дека и бездомните кучиња можат да бидат одлични миленици. Се надеваме дека со вакви средби во живо им се зголемуваат шансите за вдомување и очекуваме многу повеќе вдомени кучиња отколку до сега“ вели Пешева.

Таа додаде дека поради успешноста, оваа акција ќе стане и редовна активност на Јавното претпријатие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk