Момче (14) се удави во францускиот град Бријансон откако падна во река додека се обидуваше да снима предизвик на ТикТок.
Се лизна од душекот што беше врзан за куката за влечење на автомобил и падна во реката додека возилото скршнуваше.
Полицијата отвори истрага за убиство без умисла, а возачот на автомобилот (18) ја призна одговорноста и моментално е во притвор.
Откако момчето падна во реката, неговите пријатели веднаш ја известија полицијата. Спасувачките служби веднаш почнаа да ја пребаруваат реката, но телото на момчето беше пронајдено следниот ден.
„Првичните наоди од истрагата, започната врз основа на убиство без умисла, укажуваат дека други млади луѓе кои биле на брегот на реката биле вклучени во овој инцидент“, рече судијата.
Покрај возачот на автомобилот, уште еден млад човек (17) беше уапсен истиот ден под сомнение дека е соучесник.
Уапсениот возач претходно не ѝ е познат на полицијата, има возачка дозвола и неговото возило е регистрирано.
Исто така, беше утврдено дека не бил под дејство на алкохол или дрога.
Овој предизвик на TikTok е многу популарен и во Обединетото Кралство, каде што младите го нарекуваат „сурфање на душеци“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата