Свадбеното видео на девојка по име Катарина стана вирално на платформата „ТикТок“, а сè е благодарение на нејзината венчаница. Иако многумина можеби мислат дека станува збор за креација по најнова мода, убавата Катарина се одлучила за безвременски гест - се омажила во венчаницата на нејзината баба, инаку стара 51 година.
Во видеото, Катарина се гледа како ја облекува венчаницата додека нејзината баба ја гледа со солзи во очите и насмевка на лицето. Малку е да се каже дека бабата „пукала“ од гордост, а како и не би била.
- Дефиницијата за среќа: на свадбата ја носиш венчаницата на баба ти, а баба ти присуствува - напишала Катарина на ТикТок и додала:
- Првата најдобра одлука: да се омажам во венчаницата на баба ми, која е стара 51 година. Втора најдобра одлука: одете во Лувр. Третата најдобра одлука: да се омажиш за маж кој фотографира вакви фотографии - заклучила таа.
Малкумина знаат дека наследувањето на венчаница има посебна традиција во нашата култура - венчаницата што се наследува го носи благословот на жената што прва ја носела и се верува дека носи мудрост, мир и вечна љубов. Како што и се очекуваше, гестот на оваа млада девојка предизвика лавина од позитивни коментари.
„Некои млади дами би рекле дека е „селски“, „застарено“ затоа што всушност не знаат што е среќа. Браво, девојко. Многу среќа во иднина, и тебе и на баба ти“, „Би сакала да ја носам венчаницата на баба ми, но таа не е тука да ме види во неа“, „Најскапата венчаница што сум ја видела... затоа што вреди повеќе од сите кристали на светот“, „Мојата, за жал, не успеа... но со среќа и нека те следи нејзината љубов“, „Одамна не сум видела нешто поубаво. Но, погледот и насмевката на баба... тоа е бесценето, ова е повеќе од мода“, се само некои од коментарите.
Што мислите за гестот на младата Катарина?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата