Во првата епизода од новата сезона на реалното шоу „Кардашијанс“, Клое Кардашијан (41) отворено зборуваше со својот пријател Сајмон Хак за својот љубовен живот, или поточно - за неговото отсуство.
Ријалити ѕвездата призна дека немала интимни односи повеќе од три години, што предизвика низа духовити коментари и шеги за време на шоуто.
Сајмон на шега предложи гумени бомбони за либидо „Letme Play“, производ лансиран од нејзината постара сестра Кортни Кардашијан (46), на што Клое Кардашијан се пошегува дека таа би била среќна да се појави во рекламата.
Кортни, која е среќно мажена за Тревис Баркер, ја советуваше Клое да се фокусира на себе и на своето семејство додека нејзините деца растат.
Клое објасни дека во моментов нема никој посебен маж во својот живот и не им пишува пораки на мажи, ниту има голи фотографии за споделување. Нејзината среќа и исполнетост, вели таа, доаѓаат од нејзината улога како мајка и нејзината посветеност на своите деца, ќерката Тру (7) и синот Тејтум (3).
Во разговорот, таа го спомена и необичниот тренд на венчавање предмети, па се пошегува дека би сакала да се омажи за својот кревет, бидејќи знае дека тој е секогаш тука и обезбедува сигурност и удобност.
Со години, Клое е критикувана за пластични операции и споредби со сестрите Ким, Кортни, Кајли и Кендал, додека медиумите ја нарекуваа „најгрдата сестра“ и коментираа дека изгледа премногу мажествено. Сепак, во новата сезона на реалното шоу, Клое истакнува дека е задоволна од својот изглед и живот во четириесеттите години:
- Обожавам да имам 40 години. Да имаш четириесет години е сензационално. Воодушевена сум - рече ѕвездата.
Клое Кардашијан, која беше во брак со Ламра Одом (2009-2016) и во врска со Тристан Томпсон (2016-2021), денес се фокусира на својот живот, децата и личната среќа, а реалното шоу покажува дека да се биде сам може да биде исто толку исполнувачко како да се биде во врска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата