Група истражувачи од универзитетите во Кембриџ и Оксфорд, како и од Кралскиот колеџ во Лондон, планираат да вградат импланти-пејсмејкер во мозокот на зависниците од алкохол и дрога за да утврдат како употребата на електрични импулси може да помогне во борбата против алкохолизмот и зависноста од дрога, пишува The Guardian.
Оваа техника веќе се користи за да им помогне на пациентите да ги контролираат симптомите на Паркинсонова болест, депресија и опсесивно-компулсивно нарушување.
Сега група истражувачи сака да користи длабока мозочна симулација за да ја зголеми самоконтролата на алкохоличарите и зависниците од дрога и да ја намали нивната потреба за пиење и дрога.
Водечкиот истражувач на проектот, Валерија Вун, од Одделот за психијатрија во Кембриџ, рече дека целта е да се елиминираат девијантните електрични ритми на мозокот кои доведуваат до зависност, слично како пејсмејкерите кои ја враќаат функцијата на срцето во нормала.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата