Во Менхетен, Њујорк, има ресторан во кој се служи најскапиот помфрит во светот. Гостите на ресторанот „Serendipity 3“плаќаат неверојатни 200 американски долари за познатиот помфрит.
И тоа не е се. Ресторанот веќе го држи светскиот рекорд за најскап хамбургер, кој чини 295 долари и сладолед од 1.000 долари. На 13 јули оваа година на таа листа се приклучи и најскапиот помфрит во целиот свет, според Гинисовата книга на рекорди.
- Serendipity е навистина забавно место. Овде доаѓаат да слават луѓе, кои најмногу сакаат да побегнат од суровата реалност - изјави Џо Калдероне, директор и готвач за CNN.
Точното име на овој помфрит е „Crème de la Crème Pommes Frites“ и се подготвува од компири, кои претходно биле бланширани во оцет и шампањ. Потоа се пржи на чиста густа маст, не на масло, не еднаш, туку двапати. На тој начин секој компир останува мек одвнатре и крцкав однадвор.
Покрај тоа, помфрит се служи попрскан со злато за јадење, и зачинет со тартуфи и масло од тартуфи. Се служи во кристален сад со орхидеи и тартуфи, исечени на тенки парчиња.
Сосот кој се служи со најскапиот помфрит во светот се подготвува од сирењето „Морнеј“ на кое се додава една од ретките и најскапите печурки во целиот свет.
View this post on Instagram
- Тартуфот е главната ѕвезда на ова јадење - рече главниот готвач.
Како и многу ресторани ширум светот, Serendipity беше затворен за време на пандемијата. Главните готвачи затоа го дизајнираа ова јадење, верувајќи дека тоа е најдобриот начин да се вратите со стил на гастрономската сцена на Њујорк. И не погрешија!
Има листа на чекање за сите што сакаат да го пробаат најскапиот помфрит во светот. Проблемот е што ќе треба да чекаат од осум до девет недели, бидејќи има толку многу заинтересирани.
- Тешките времиња се зад нас. Сега треба да се забавуваме – заврши Калдероне.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата