logo
logo
logo

Ако детето е родено на Божиќ...

Vecer | 07.01.2026

Ако детето е родено на Божиќ...

Според народното толкување, децата родени на Божиќ наводно имаат посебна судбина и се верува дека се предодредени за живот исполнет со љубезност, смиреност и разбирање кон другите. Во некои региони постои верување дека луѓето родени на Божиќ имаат силно чувство за правда, сочувство и потреба да внесат мир во нивната околина.

Децата родени на Божиќ имаат посебно место во народните верувања, бидејќи самиот датум на раѓање носи силна симболика. Според христијанското учење, тие доаѓаат на свет на денот кога е роден Исус Христос, поради што се смета дека се предодредени за живот исполнет со добрина, љубов и светлина.

За родителите, раѓањето дете на Божиќ се доживува како посебен благослов и знак на божја наклонетост. Во народната традиција, ваквите деца често се нарекуваат „дар од Бога“, а нивното раѓање се толкува како дел од повисок, божествен план.

Во согласност со овие верувања, традиционално им се давале имиња со силна симболика, како Богдан, Божидар, Бoжимир или Божица. Денес, почести се имиња како Теодор, Теодора или Доротеја, кои исто така го носат значењето „дар од Бога“. И покрај промените низ времето, симболиката на Божиќ како празник на надеж, љубов и нов почеток останала иста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk