logo
logo
logo

Маж ги продал своите ТЕСТИСИ ЗА 2,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ (ВИДЕО)

Vecer | 12.02.2026

Маж ги продал своите ТЕСТИСИ ЗА 2,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ (ВИДЕО)

Тајланѓанец тврди дека ги продал своите тестиси за 2,7 милиони долари, и тоа од, според многумина, бизарна причина.

Веста дека маж во Тајланд ги продал своите тестиси за 2,7 милиони долари предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Невообичаената информација се појави на TikTok, Xx, Instagram, Facebook и предизвика бран коментари, делумно поради причината за продажбата, повеќе поради фактот што продажбата на органи е забранета со закон насекаде во светот.

Мажот, чие име не е споменато во видеото, ја наведе „екстремната модификација на неговиот автомобил“ како причина за продажба на своите тестиси, односно парите што му се потребни за тоа.

Тој исто така изјави дека „вообичаената пазарна вредност за тестиси е околу еден милион долари“, и додаде:

„Успеав да извлечам 2,7 милиони долари затоа што моите тестиси се навистина големи“.

Видеото дури ги прикажува и отстранетите органи.

И додека некои се шокирани и се прашуваат „каков човек има мозок да се откаже од дел од своето тело за автомобил“, други пишуваат дека тој „се модифицирал себеси за да го модифицира својот автомобил“, „жртвувајќи ги идните генерации за подобро забрзување“.

Исто така, некои посочуваат на фактот дека отстранувањето и продажбата на органи е законски забрането во сите земји во светот.

„Продажбата или купувањето на човечки органи или делови од телото е забрането со американскиот закон и меѓународните стандарди за медицинска етика“, велат некои на X.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk