logo
logo
logo

Милијардерот Епштајн и ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСНИТЕ РАСТЕНИЈА

Vecer | 20.02.2026

Милијардерот Епштајн и ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСНИТЕ РАСТЕНИЈА

Неодамна објавените е-пораки на милијардерот педофил Џефри Епштајн укажуваат дека тој покажувал интерес за потенцијално опасни растенија кои, според некои тврдења, можат да „влијаат на слободната волја“.

Деталите беа откриени откако Министерството за правда на САД објави пакет од над три милиони документи, меѓу кои се наоѓаше и неговата електронска преписка.

„Побарај од Крис за…“

Во една е-порака од 3 март 2014 година, испратена до лице по име Ен Родригез, Епштајн напишал: „Побарај од Крис за моите растенија труби во расадникот“. Овој израз може да упатува на растението познато како „ангелска труба“ од фамилијата Solanaceae, пренесува Daily Mail.

Ова растение содржи скополамин – моќно соединение кое, ако се злоупотреби или се внесе во поголеми дози, може да предизвика сериозни нарушувања во работата на централниот нервен систем.

Скополаминот го блокира дејството на ацетилхолинот – невротрансмитер клучен за процесите на меморија, внимание и свест. Студии објавени во медицинската литература покажуваат дека оваа супстанца може да предизвика привремено нарушување на меморијата, дезориентација и конфузија.

Во медицински услови се користи во строго контролирани дози за лекување на морска болест и други состојби, бидејќи блокира ацетилхолински рецептори во мозокот и нервниот систем.

Други е-пораки

Во друга е-порака, датирана 27 јануари 2015 година, на Епштајн му стигнала порака од фотограф со наслов: „Скополамин: Моќна дрога која расте во колумбиските шуми и го елиминира слободниот избор“.

Текстот вклучувал и известување на магазинот VICE, со интервјуа на наводни нарко-дилери кои ги опишувале ефектите на ова соединение. Еден од соговорниците тврдел дека луѓето стануваат вистински „зомби“.

Трета е-порака, испратена во 2022 година и означена како „изјава за влијанието врз жртвата“, содржи приказна на Џозеф Манзаро за наводен инцидент од декември 2014, кога, како што тврди, бил дрогиран со скополамин.

Тешко се открива

Преписката во која се спомнуваат „растенијата треби“ упатува дека Епштајн имал барем одредено интересирање за нивните својства и ефекти.

Посебна загриженост предизвикува фактот дека скополаминот во одредени околности може да избега од стандардните токсиколошки анализи, што значително ја отежнува евентуалната откривање на неговата употреба, истакнува британскиот медиум.

Сепак, нема докази дека Епштајн некогаш ја искористил споменатата супстанца. Објавените е-пораки отвораат дополнителни прашања за неговите интереси и контакти во рамки на обемната документација која стаса во јавноста.

Бизарна технологија

Меѓу објавените документи се најде и преписка со некогашниот директор на MIT Media Lab, Џојчи Ито, кој поднел оставка откако беа откриени финансиски врски на институцијата со озлогласениот милијардер.

Во порака од февруари 2014 година, Ито го потсетува Епштајн на претходно спомнатата технологија која „краткорочно брише меморија“ и се распрашува дали такво истражување е објавено и која лабораторија стои зад него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk