Астролошки гледано, Рибите се знак кој ќе има најмногу среќа во февруари, бидејќи Сатурн, планетата на кармата, конечно го напушта овој знак на 14 февруари.
Овој период е особено поволен за нив, бидејќи се наоѓаат во центарот на космичките случувања, што им носи чувство на јасност, инспирација и внатрешен мир.
Прилики што сами се отвораат
Многу Риби ќе забележат дека им се отвораат нови можности сами по себе, било преку нови контакти, деловни понуди или подобрување на односите со луѓето кои им се важни.
Долгорочна среќа
Февруари им дава шанса да ѝ веруваат на својата интуиција, бидејќи токму таа ќе им биде најмоќниот сојузник. Емоционално ќе бидат постабилни од порано, а среќата ќе се манифестира и во малите работи – вистински разговор во вистински момент, изненадна поддршка или остварување на нешто што долго посакувале.
Овој месец е период во кој Рибите можат да заблескаат, но и да постават темели за долгорочна среќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата