logo
logo
logo

ШТО БЕШЕ, БЕШЕ: Од 1 МАЈ овие телефони повеќе нема да можат да ја користат оваа апликација

Vecer | 27.04.2025

ШТО БЕШЕ, БЕШЕ: Од 1 МАЈ овие телефони повеќе нема да можат да ја користат оваа апликација

WhatsApp, најпопуларната апликација за пораки во светот, ќе престане да биде достапна на постарите Android и iOS уреди почнувајќи од 1 мај 2025 година. Апликацијата нема да работи на одредени телефони со новото ажурирање на Мета, фокусирано на безбедноста и перформансите.

WhatsApp повеќе нема да биде достапен на уреди со Android 5.0 или постара верзија, како и на iPhone-и со iOS 12 или постара верзија, почнувајќи од 1 мај 2025 година.

Мобилните телефони што популарната апликација нема да ги поддржува за неколку дена се:

  • iPhone 5
  • iPhone 5C
  • iPhone 6
  • Samsung Galaxy Ace Plus
  • Galaxy Note 3
  • Huawei Ascend P6 S
  • LG Optimus G
  • Motorola Moto G

Мета ги информира корисниците дека овие уреди повеќе не можат да ги поддржуваат новите функции и дека се ранливи на безбедносни пропусти. Повеќето од засегнатите уреди беа пуштени на пазарот во 2013 и 2014 година, а по повеќе од 10 години, останаа многу малку корисници на истите.

На корисниците им се препорачува да прават копии од своите пораки, т.е. да прават резервна копија на податоците преку Google Drive или iCloud за да не ги загубат.

WhatsApp вели дека ги прекинува своите услуги на овие модели бидејќи постарите оперативни системи не можат да ги поддржат новите функции и безбедносни протоколи на апликацијата.

Мета забележува дека иако воведува иновации како што се функции базирани на вештачка интелигенција, напредни гласовни известувања и побезбедно криптирање на податоци, постарите системи како Android 5.0 или iOS 12 не можат да се прилагодат на поновите технологии.

Дополнително, бидејќи овие уреди повеќе не добиваат ажурирања од нивните производители, ажурирањата на безбедносните кодови се ретки и со тоа уредите стануваат ранливи на сајбер закани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk