logo
logo
logo

Цел остров зуи за пилотот кој бил на пробен лет, ВИДЕТЕ ШТО НАПИШАЛ НА НЕБОТО

Vecer | 13.07.2026

Цел остров зуи за пилотот кој бил на пробен лет, ВИДЕТЕ ШТО НАПИШАЛ НА НЕБОТО

Пилотот на малиот авион решил да се пошегува малку за време на двочасовниот пробен лет, па „напишал“ порака: „Досадно ми е“ на онлајн апликацијата за следење на авиони.

Авионот на „Равенер“ полетал од Ливерпул во 11:30 часот по локално време во саботата и кружел над полуостровот Вирал, Чешир и Северен Велс за време на летот. Неговата необична траекторија била видлива на апликацијата FlightRadar24, каде што привлече големо внимание од корисниците, пишува Би-Би-Си.

Главниот оперативен директор на „Равенер“, Вејн Барет, изјавил дека „Пајпер Томахавк“ го управувал инструктор за летање во неговите дваесетти години. Пробниот лет бил извршен по замената на дел од авионот, кој се вратил во Ливерпул околу 13:30 часот.

„Мислам дека на пилотот буквално му било малку досадно бидејќи тоа бил само пробен лет. Морам да признаам дека сепак покажал доста вешто управување со авионот“, рече Барет.

Тој додаде дека еден од цилиндрите на моторот бил заменет и дека по таквата постапка, редовно се изведува пробен лет за да се провери дали сè работи правилно.

„Веројатно му било малку здодевно, но на крајот морал добро да се концентрира за да ги напише зборовите во лет, па затоа навистина немал време да му биде здодевно“, се пошегува Барет.

Тој истакна дека пилотот нема да претрпи никакви последици поради ова, иако необичниот лет предизвикал голем јавен интерес.

„Авионот бил безбедно вратен во хангарот, а пилотот денес ужива во својот слободен ден“, заклучи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk