logo
logo
logo

Дали знаете кога треба да ја откитите елката? Еве го одговорот

Vecer | 11.01.2025

Дали знаете кога треба да ја откитите елката? Еве го одговорот

Иако во многу куќи новогодишните декорации и елката остануваат долго по доаѓањето на Новата година според фенг шуи тоа не е добро, а има и практични причини. Имено, некои ја украсуваат новогодишната елка на крајот на ноември или на почетокот на декември и ја оставаат така речиси два месеци, што е сосема доволно време да се акумулира многу прашина на украсите, што не е лесно за чистење. 

Непишано правило е дека 12 дена по Божиќ, односно до 18 јануари, треба да се отстранат сите новогодишни украси. Според фенг шуи, сè што ја „завршило“ својата работа треба да се отстрани од куќата. Таков е случајот со новогодишното украсување, кое им припаѓа на новогодишните празници и ако не го отстраните, ментално останувате во минатото. Треба да размислувате за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта. Со нетрпение очекувајте да го украсите вашиот дом во март - набавете луковици кои штотуку никнале, тие носат оптимизам, а наместо новогодишни светилки, купете некои други облици, како кинески лампиони, кои го будат оптимизмот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk