logo
logo
logo

ЗДРАВСТВЕНИ ЕФЕКТИ ОД РАБОТАТА ВО НОЌНА СМЕНА: Од лошо ментално здравје до срцеви удари

Vecer | 17.05.2025

ЗДРАВСТВЕНИ ЕФЕКТИ ОД РАБОТАТА ВО НОЌНА СМЕНА: Од лошо ментално здравје до срцеви удари

Работата во ноќни смени го нарушува природниот циркадијален ритам, кој ги регулира нашите периоди на спиење и будност. Ова нарушување може негативно да влијае на будноста, физиолошките функции и целокупната работна способност, зголемувајќи го ризикот од разни здравствени проблеми, како што се проблеми со спиењето, ментален замор и физичка исцрпеност.

Низ целиот свет, здравствените работници најчесто се изложени на ноќни смени поради потребата да се обезбеди непречена здравствена заштита. Ноќната работа има негативни последици и за самите работници и за корисниците на нивните услуги, бидејќи може да го намали квалитетот на грижата и да ги зголеми трошоците и грешките.

Влијание врз циркадијалните ритми и спиењето

Циркадијалниот ритам регулира многу телесни функции, а нарушувањето на тој ритам, како што се случува за време на ноќна работа, ја нарушува рамнотежата на организмот. Нашиот внатрешен часовник (сместен во хипоталамусот – SCN) работи најдобро кога спиеме ноќе и сме будни преку ден.

Кога луѓето работат ноќе, нивното тело тешко се прилагодува на обратниот ритам. Ова може да доведе до:

несоница

хормонална нерамнотежа

проблеми со концентрација

замор и поспаност

намалена ефикасност

Повеќето луѓе не успеваат целосно да се адаптираат, особено оние кои работат во ротирачки смени. Работниците спијат 2-4 часа помалку ноќе, нивниот сон е често прекинат и со слаб квалитет, особено во REM фазата на спиење (најважна за одмор на мозокот).

Овие проблеми стануваат поизразени во втората половина од ноќната смена (помеѓу 4 и 6 часот наутро), кога се зголемува ризикот од грешки, несреќи и проблеми во сообраќајот.

Влијание врз менталното здравје

Студиите покажаа дека работниците во ноќна смена имаат поголема веројатност да доживеат:

нервоза

анксиозност

раздразливост

хроничен замор

депресија

нарушувања на расположението

Исто така почесто отсуствува од работа, а употребата на психотропни лекови (особено седативи) се зголемува.

Дигестивни проблеми

Ноќните смени го нарушуваат нормалниот ритам на јадење. Работниците често јадат во несоодветно време и консумираат:

повеќе масна и јаглехидратна храна

брза и преработена храна

тие грицкаат почесто и во пократки паузи

Поради ова, се јавуваат поголем број гастроинтестинални тегоби, како што се:

лошо варење

надуеност

запек или дијареја

горушица

Статистиката покажува дека 20-75 проценти од работниците ноќе имаат проблеми со варењето, додека овој број е значително помал кај оние што работат преку ден.

Метаболни нарушувања

Ноќните смени се поврзани со поголем ризик од развој на метаболички синдром, кој вклучува:

дебелина

висок крвен притисок

висок шеќер во крвта

лош холестерол

Овие проблеми се јавуваат како резултат на:

нарушен сон

неправилна исхрана

намален метаболизам

намалена физичка активност

зголемен стрес

Исто така, функцијата на црниот дроб и бубрезите може да биде ослабена поради неправилен ритам на работа, што ја намалува способноста на телото да се исчисти од токсини, особено кога е изложено на хемикалии.

Влијание врз срцето и ризик од рак

Студиите покажуваат дека работниците во смени се поподложни на:

срцеви заболувања, со 40 проценти поголем ризик од срцеви удари и ангина

лоши животни навики (пушење, лоша исхрана, физичка неактивност)

покачен холестерол и шеќер во крвта

Исто така, постои сомневање за поврзаност помеѓу ноќната работа и ризикот од рак, но поради недостаток на прецизни податоци (број на смени, времетраење, услови) таа сè уште не е дефинитивно докажана. Сепак, хормонските дисбаланси (како што е мелатонинот) можат да играат улога.

Долгорочната ноќна работа треба внимателно да се организира, со почитување на паузите, правилната исхрана, здравствената контрола и евентуалната прераспределба на смените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk