logo
logo
logo

Дали знаете што е снтнтн? „Случаен изум“ што ја промени историјата на лименките за пиво и газирани пијалаци

Vecer | 28.09.2025

Дали знаете што е снтнтн? „Случаен изум“ што ја промени историјата на лименките за пиво и газирани пијалаци

Пшшшш! Пцссс! Цццц! Фшааав! Како и да го напишете – тоа е звукот на шушкање што го поврзуваме со првата голтка ладен пијалок од свежо отворена лименка.

Нè поврзува со лето, фудбалски натпревари, скари и разни забави, а се создава со интеракцијата на лименката, меурчињата и јазичето на врвот, кое се нарекува – снтнтн.

Ова не е печатна грешка – овој необичен збор навистина постои и никој не знае со сигурност како почнал да се користи.

Овој термин е разговорен и се користи во говорот во некои делови од Балканот, особено во Хрватска и Словенија.

Се претпоставува дека е измислен на забава, откако ќе се испијат доволен број лименки, а откако се најде на Википедија, брзо се најде на форумите и интернет порталит.

Според информациите од веб-страницата Urban Dictionary, „sntntn“ е дел од модерна лименка што се користи како лост за отворање и често се користи како играчка додека се пие од лименката.

Сега, колку е раширено името снтнтн, не сме сигурни, но по описот во овој неформален речник на сленг, сигурно ќе стане дел од говорот.

Корисниците на необичниот збор тврдат дека снтнтн е мост помеѓу звукот и јазикот, или ономатопејски збор. А кога се прашуваат како настанал овој метален отварач, кој има необично име на Балканот, разни извори ја споменуваат годината 1959, кога Ермал К. Фрејз, пронаоѓач од Дејтона (Охајо), отишол на пикник – и не можел да отвори пиво затоа што го заборавил отварачот за лименки. Некако успеал да ја пробие конзервата, а потоа почнал да размислува за механизам за самоотворање.

Лименки и отворачи – кратка историја

За време на Француската револуција, Наполеон Бонапарта понудил парична награда за решение на проблемот со лесно расипливите залихи на храна. Петнаесет години подоцна, готвачот Николас Аперт го измислил првиот херметички затворен стаклен бокал. Истата година, 1810 година, Англичанецот Питер Дуранд ги патентирал конзервите со лимена облога.

На почетокот конзервите се отворале со чекан и длето, а во 19 век, Американецот Езра Џ. Ворнер го измислил првиот отворач за конзерви – назабен нож што сечел круг околу работ. Тој го патентирал во 1858 година. Во 1926 година, Чарлс А. Банкер патентирал современ отварач за конзерви што го отстранувал целиот капак – корисен за грав, но непотребен за пиво. Во педесеттите години од минатиот век, конзервите се правеле со две дупки: едната за пиење, другата за проток на воздух, но изумот на Фрејз им го олеснил животот на сите.

„Јас не ја измислив лименката што лесно се отвара“, изјави Фрејз за „Њујорк тајмс“ во 1963 година, додавајќи: „Луѓето работат на тоа уште од 1800-тите. Јас само најдов начин да закачам јазиче на лименката“. Фрејз го пронајде решението во нитна – мал метален шраф што го поврзува јазичето со лименката. Кога се повлекува нагоре, јазичето станува лост што ја пробива претходно исечената дупка на врвот од лименката – токму таму каде што ги ставате усните. За разлика од денес, тој отварач често завршуваше на подот – на улиците, плажите, тротоарите.

Фрејз го продаде својот дизајн на Алкоа, која го користеше за прв пат на лименките од пивото „Ајрон Сити“. Во периодот помеѓу 1960-тите и почетокот на 1970-тите, таков отварач стана стандард низ целиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk