Руските научници развија препарат кој ги намалува несаканите ефекти од радиотерапијата, изјави денес главниот руски онколог и директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија при Министерството за здравство на Русија, академик Андреј Каприн.
„Една од ветувачките насоки на истражување се однесува на развој на радиозаштитен препарат наменет за ублажување на негативните ефекти од јонизирачкото зрачење врз телото. Ваквите средства се особено важни во радиотерапијата, каде што нашата цел не е само да дејствуваме на туморот што е можно поефикасно, туку и да ги заштитиме здравите ткива“, рече Каприн, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека ваквите препарати се важни и за подобрување на заштитата од зрачење, вклучително и вонредни ситуации предизвикани од технолошки несреќи.
Според неговите зборови, препаратот во моментов е во фаза на потребна стручна експертиза.
Каприн рече дека сè уште е рано да се зборува за неговата широка примена, но дека досегашните резултати даваат основа за претпазлив оптимизам кога станува збор за перспективите за развој на оваа насока.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата