Никогаш нема доволно забава кога станува збор за млади луѓе. Ова го потврдува новиот хит, кој се практикува во кафулињата и пабовите низ целиот свет.
Ако не сте слушнале за „урагански шот“ или не сте виделе некое од многуте видеа на интернет, еве објаснување за што се работи.
За што се работи?
Сè што ви треба е шанкер или добар пријател, кратко пијалаче по ваш избор, чаша вода и желба за плескање.
Да, добро прочитавте. „Урагански шот“ значи дека откако ќе го „испиете“ вашиот пијалак, некој ќе ви истури вода и ќе ви удри шлаканица.
Едноставна равенка за забава, но и за привлекување внимание на социјалните мрежи. Не се сомневаме дека наскоро ќе се појават регионални ноќни клубови, ако веќе не се...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата