Сообраќајната полиција привела маж кој нападнал мало дете на аеродромот Шереметјево, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.
„Моите колеги од транспортната полиција приведоа криминалец кој нападна мало дете на аеродромот Шереметјево“, напиша Волк на својот Телеграм канал.
Кривична постапка за обид за убиство е покрената против маж кој, под дејство на дрога, зграпчил двегодишно дете на аеродромот Шереметјево и го фрлил силно на подот, соопшти Главната дирекција на Истражниот комитет на Русија за Московската област.
Детето е во стабилна, но сериозна состојба. Лекарите му дијагностицирале фрактури на черепот, но не и оштетување на мозокот.
Човекот е Белорусин, долетал од Египет и требало да застане во Москва.
„Разговарав со таткото. Тие живеат во Москва. Имаат уште едно дете, а неговата сопруга е бремена. Сето ова е неверојатно тешко за поднесување“, напиша комесарката за правата на децата во Московскиот регион, Ксенија Мичонова, на својот Телеграм канал.
Кога полицајците го прашале за неговото криминално досие, човекот одговорил дека „направил грешки... како овие“, по што следеле нејасни гестови, според видео објавено од Министерството за внатрешни работи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата