logo
logo
logo

Соработник на Кралот Чарлс НАЈДЕН МРТОВ, ОБЛЕЧЕН ВО ЖЕНСКА ОБЛЕКА И СО ШТИКЛИ

Vecer | 16.06.2026

Соработник на Кралот Чарлс НАЈДЕН МРТОВ, ОБЛЕЧЕН ВО ЖЕНСКА ОБЛЕКА И СО ШТИКЛИ

Италијанскиот преведувач Роберто Пјетро Герино (60), кој обезбедувал преведувачки услуги за британскиот крал Чарлс III, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, бил пронајден мртов во неговиот стан во Милано, објави британскиот медиум Телеграф.

Истражителите се сомневаат дека е убиен, а една од претпоставките е дека злосторството го извршил маж кого го запознал преку апликација за запознавање.

Телото на Герино било пронајдено за време на викендот во неговиот стан во Милано, со тешки повреди на главата и лицето, а според италијанските медиуми, Герино носел женска облека, вклучувајќи корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

Истражителите ја испитуваат можноста една од камените статуи на Буда што ги поседувал да била употребена во нападот, бидејќи барем една била пронајдена на подот со траги од крв.

Полицијата ја разгледува и можноста дека станува збор за сличен образец како во случајот од 2023 година, кога Герино пријавил дека бил физички нападнат и ограбен од дваесет и петгодишен Египќанец откако го запознал преку апликација за запознавање.

Истражителите ја анализираат содржината на неговиот мобилен телефон, вклучувајќи ги неодамнешните пораки и контакти, како и траги од ДНК и отпечатоци пронајдени во станот.

Според досегашните наоди, нема видливи знаци на борба, што укажува на можноста жртвата да била ненадејно нападната и не успеала да се спротивстави.

Според медиумските извештаи, Герино редовно користел апликации за запознавање како што се Grindr и Romeo.

Герино е роден во Џенова, во северна Италија, и се школувал на универзитетите во Рим и Њујорк. Тој ги навел макробиотичкото готвење, читањето и спортот како свои хобија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk