logo
logo
logo

16 години примала пата а не одржала ниту еден час

Vecer | 22.08.2025

16 години примала пата а не одржала ниту еден час

Наставничка во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е на боледување 16 години и прима целосна плата, но сега Врховниот суд пресуди дека тоа е завршено и дека мора да се подложи на лекарски преглед.

Просветната работничка од Дуизбург не работи од 2009 година и не одржала ниту еден час, но и покрај тоа, таа ја примала својата плата месец по месец. Таа постојано го продолжувала боледувањето поради проблеми со менталното здравје.

„Неразбирлива наредба“

Во сите тие години, наставничката посетила лекар само еднаш, а причината за ова е што покраината Северна Рајна-Вестфалија не издала соодветна наредба.

Кога конечно ѝ било наредено да оди на преглед во април оваа година, таа наводно се обидела да го избегне и тоа.

Таа поднесе жалба, наведувајќи дека по 16 години болест, што ја спречила да работи, наредбата „веќе не е разбирлива“, објавија локалните медиуми.

Судот ја отфрли жалбата

Сепак, Управниот суд во Диселдорф ја отфрли нејзината жалба, а одлуката беше потврдена од Високиот суд на 12 август.

Сега, лекар мора да утврди дали наставничката е навистина неспособна за работа, во кој случај таа нема да добива целосна плата, туку намалена пензија и ќе мора сама да ги сноси трошоците за постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk