Програмата е дел од поширока стратегија за намалување на бројот на автомобили и промена на навиките во секојдневното патување.
Владата на Малта започна необична мерка за намалување на сообраќајните метежи и охрабрување на граѓаните повеќе да користат јавен превоз. На возачите им се нудат дури 25.000 евра доколку се откажат од возачката дозвола на пет години.
Програмата ја претстави министерот за транспорт Крис Бонет како дел од поширока стратегија за намалување на бројот на автомобили на островот и промена на навиките за дневно патување.
Учесниците во програмата добиваат вкупно 25.000 евра, или 5.000 евра годишно, но мора да исполнуваат одредени услови:
- да живееле во Малта најмалку седум години
- да имаат возачка дозвола од категорија Б најмалку 12 месеци
Програмата ги исклучува возачите чија дозвола е суспендирана, оние кои имаат дозволи издадени надвор од Европската Унија, како и лицата кои треба да возат поради работа.
Мерката се однесува само на сопственици на патнички автомобили, додека мотоциклите, комбињата и сличните возила се ослободени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата