Кинеските и италијанските научници пронајдоа микропластични честички во речиси секој примерок на сперма, спровеле студии во повеќе наврати и на крајот заклучиле дека тоа е катастрофално за човештвото.
Бројот на сперматозоиди кај мажите се намалува со децении, а иако причината е непозната во 40 проценти од случаите, научниците се согласуваат дека хемиското загадување е клучно.
Видливо количество микропластика е пронајдена во дури 40 проценти од примероците на сперма од здрави мажи кои биле подложени на предбрачна здравствена проценка во Џинан, Кина.
Во друга неодамнешна студија, микропластични честички беа пронајдени во шест од 10 примероци на сперма од здрави млади мажи во Италија.
Го намалува бројот на сперматозоиди

Потоа беше спроведена друга студија во Кина, и се покажа дека половина од 25 примероци сперматозоиди содржат микропластика. Истражувањата за микропластиката и здравјето на луѓето стануваат сè почести, а научниците се многу песимисти - тие „загадувачи“ ги наоѓаат насекаде.
На крајот, микропластиката беше пронајдена во сите 23 примероци на сперматозоиди во студијата објавена во мај минатата година.
Микропластиката неодамна беше откриена и во човечката крв, плацентата и мајчиното млеко, што укажува на широко распространета контаминација на човечките тела.
Милиони тони пластичен отпад завршуваат во реките и морињата, загадувајќи ја целата планета, од врвот на Монт Еверест до најдлабоките океани. Познато е дека луѓето конзумираат фини честички преку храна и вода, како и преку нивно вдишување.
„Бидејќи новото истражување сè повеќе ја вмеша изложеноста на микропластика како потенцијален фактор што влијае на човековото здравје, императив е разбирањето на степенот на човечка контаминација и нејзината врска со репродуктивните резултати“, изјавил Нинг Ли од Универзитетот Кингдао во Кина.
„Студиите покажуваат значително намалување на бројот на одржливи сперматозоиди и зголемување на деформитетите на спермата, што сугерира дека изложеноста на микропластика може да претставува хроничен, кумулативен ризик за машкото репродуктивно здравје“, додаде тој.
Во телото циркулираат осум видови пластика
Истражувањето, објавено во списанието Science of the Total Environment, открило осум различни видови пластика. Најзастапен бил полистиренот кој се користи за пакување, потоа полиетиленот кој се користи во пластичните кеси, а потоа ПВЦ.
Честичките може да предизвикаат воспаление на ткивото, како и честичките од загадувањето на воздухот.
Минатиот март, лекарите предупредија на потенцијално опасни по живот ефекти откако открија значително зголемен ризик од мозочен удар, срцев удар и прерана смрт кај луѓе чии крвни садови биле контаминирани со микропластика.

Луиџи Монтано, од Универзитетот во Рим, кој ја предводеше италијанската студија, укажа на итноста од преземање заштитни мерки.
"Неопходна е интервенција за да се запре експоненцијалното зголемување на пластичниот отпад. Повеќе од 180 земји преговараат за договор на ОН за регулирање на загадувањето со пластика. Особено, постои потреба од акција за да се избегне понатамошно трајно оштетување на планетата и на човечкото тело", рече Монтано, додавајќи:
„Загадувањето со микропластика влијае на репродуктивниот процес, што е особено видливо во падот на квалитетот на спермата забележан во последните децении на глобално ниво, а тоа може да се покаже како катастрофално за нчовечкиот вид целосно во не толку далечна иднина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата