Високите температури ставаат дополнителен товар на срцето, а симптомите на срцеви проблеми честопати личат на знаци на други болести. Затоа е важно да се препознаат алармантните знаци и да се реагира на време.
Многумина можеби дури и не знаат дека имаат срцеви проблеми сè додека екстремната топлина не ги влоши до опасни нивоа. Срцето е под дополнителен притисок, бидејќи телото троши многу енергија за одржување на телесната температура, што го зголемува ризикот од срцеви удари и нарушувања на срцевиот ритам.
Докторката Саманта Вајлд предупредува:
„На високи температури, срцето мора да работи понапорно, па ако имате срцеви заболувања, ризикот од сериозни компликации се зголемува. Затоа, обрнете посебно внимание на симптоми како што се:“
Симптоми на кои треба да внимавате:
• Магла во главата,
• вртоглавица,
• зголемено потење без физички напор,
• болка или притисок во градите што може да се прошири на вратот, вилицата, рамената или левата рака,
Не ги игнорирајте ниту овие знаци:
• Постојано чувство на замор и исцрпеност,
• Тешкотии со дишењето, отежнато дишење,
• Неправилен или брз пулс,
• Гадење и општо чувство на непријатност,
• Оток на зглобовите или нозете, особено ако се влоши во текот на денот
Ако забележите некој од овие симптоми, не чекајте – побарајте итна медицинска помош.
Како да се заштитите за време на жештината?
Останете хидрирани, избегнувајте напорни активности во најжешкиот дел од денот и останете во сенка или во климатизирани простории. Следете го вашето здравје и не ги потценувајте предупредувачките сигнали што ви ги испраќа вашето тело
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата