Првиот пат кога ќе направите леб од ориз, гарантирам дека ќе бидете пријатно изненадени. Овој леб е круна на кулинарското наследство на Југоисточна Азија, но исто така редовно се јаде во поголемиот дел од Индија. Текстурата е чудна на прв поглед, но пријатна, особено крцкавата кора што ќе ја добиете доколку го следите овој рецепт, инаку омилен на Новак Ѓоковиќ.
<b>Состојки и подготовка: </b>
<b></b>500 г ориз
300 мл вода
4 лажици масло
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка сув квасец (<i>Прашокот за печиво веројатно ќе ја заврши работата подобро од квасецот</i>.)
Потопете го оризот 2, 3 часа или оставете го преку ноќ пред спиење (но не подолго!) Добро исцедете го оризот, па изблендирајте ги сите состојки. Покријте со алуминиумска фолија, па ставете во загреана рерна (80-100°) половина час - час, за квасецот да си ја заврши работата. Потоа се пече како обичен леб, на 180-200° околу половина час, во зависност од рерната.