Потребни состојки:
- 400 г шпагети
- 4 чешниња лук
- магдонос
- 2 лажици буковец
- 6 лажици маслиново масло
- сол
- пармезан
Начин на приготвување: Исечкајте ги лукот и магдоносот. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. Додека се варат тестенините, во длабок сад загрејте маслиново масло. Додајте лук, буковец и пропржете. Откако лукот ќе се карамелизира, а шпагететите ќе се сварат, земете една шолја вода и додајте ја во тавата со лук и промешајте. Исцедете ги шпагетите и ставете ги во тавчето. Исечкајте магдонос и пармезан, промешајте и послужете.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата