Кога ќе ги извадите од рерна, целата куќа ќе мириса на свежо печен леб, а вашите домашни нема да можат да им одолеат.
Ако барате рецепт за совршено крцкави баварски кифли кои се златни однадвор и меки и воздушни одвнатре, дојдовте на вистинското место.
Овие кифли се подготвуваат на посебен начин, со техника која им ја дава автентичната текстура и вкус по кои се препознатливи.
Подготовката не е комплицирана, но процесот е единствен и бара внимание за да се постигне совршен резултат.
Потребни состојки:
- 300 г брашно за печива
- 200 г интегрално брашно
- 100 мл топло млеко
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажица сол
- 1 лажичка масло
- 200 мл вода
- 1 лажица сол
- 4 лажички сода бикарбона

Начин на приготвување:
Во еден сад измешајте ги обичното и интегралното брашно, топлото млеко, прашокот за печиво, шеќерот, солта и маслото, па сè убаво измешајте додека не добиете хомогена теста маса. Оставете го тестото да отстои околу еден час, покриено со проѕирна фолија или чиста крпа, а потоа со раце месете го на набрашнета површина.
Поделете на 20 еднакви векни и обликувајте ги во кифли, ѓевреци или земички по желба. Убаво стиснете ги краевите за да бидат цврсти.
Наполнете големо тенџере со вода, а кога ќе зоврие ставете ги лепчињата во него и чувајте ги таму додека не почнат да излегуваат на површина. Потоа извадете ги едно по едно и ставете ги на плех покриен со хартија за печење.
Се пече на околу 200 степени околу 20 минути. Кога ќе ги извадите од рерна, премачкајте ги со путер и уживајте. Пријатно!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата