logo
logo
logo

АЈВАРОТ НА ТИТО во две бои меѓу омилените рецепти: Чуван до смртта, а му бил омилен и на кралот Александар

Vecer | 26.09.2024

АЈВАРОТ НА ТИТО во две бои меѓу омилените рецепти: Чуван до смртта, а му бил омилен и на кралот Александар

Стамбол Гештамов, легендата на српската гастрономија, сочувал многу рецепти од заборав, баш како и овој.

Јосип Броз Тито бил голем хедонист, а пробал специјалитети од целиот свет. Посебно ги сакал домашните јадења, а пред се ајварот.

Легендата вели дека за кралот Александар, а потоа и за Тито, готвачот Шкрба подготвувал ајвар во две бои, зелена и црвена. Рецептот се разликувал по тоа што за маршалот била испуштана една лажица шеќер.

Потребни состојки:

- 25 парчиња црвени или зелени пиперки бабури

- 1 модар патлиџан, масло, сол, есенција

Подготовка: За 10 килограми исчистени пиперки потребни се литар масло, 200 грама сол и лажичка есенција. Бабурите и модриот патлиџан печете ги на шпорет, никогаш во рерна, а потоа оставете ги да се потпарат. Излупените пиперки исцедете ги и сомелете ги само еднаш во машина за мелење месо.

Во широка тава убаво загрејте го маслото, додадете ги мелените пиперки и постојано мешајте. Кон крајот на пржењето, кога мешалката ќе почне да остава трага на дното на тавата, посолете и додадете есенција. Пропржете кратко време и тргнете го од шпорет.

Во меѓувреме, загрејте чисти тегли во рерна на 100 степени и во нив сипете го врелиот ајвар. Повторно ставете ги теглите во рерна половина час за површината на ајварот да добие кора. Затворете ги теглите со хартија за печење, завиткајте ги во ќебе и оставете ги да се изладат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk