logo
logo
logo

Агим Јонуз

Предизборна бљувотина

Vecer | 18.07.2021

Предизборна бљувотина

Политичкиот свет во Македонија е свет за себе. Затворен, ограничен број на граѓани кои имале среќа ( и минат труд на лигавење) да бидат и останат во круг кој подразбира јавен живот. Каде се, што се и кој фактор се, не е битно. Битно е дека катарзата наречена ‘‘ у филму сам‘‘ се тресе секогаш пред избори.

Затоа што на сите нив им е добро позната песната ‘‘ данас си цвет, сутра увела ружа‘‘ ! Паника !

И што се дешава сега! Ајмо на избори, ама кој каде е и каде му е местото?. Пирамидата иде од врвот надоле. Султаните се секојден со мокри раце и газ зашто сите одат на бацирака за да останат у филмот, а газот му е преполн со оние што сакаат допрва да влезат. Не дека некој некого сака! Тоа е гол опстанок по рецептот на современа Македонија.

Која мајка изгубила дете ќе го најде у некој партиски штаб, со вазелин у рука. Јбг! Како и да изгледа, некако функционира.

Ја не знам овој народ до толку ли е ретардиран па голта се живо. Секој малку нормален би отерал се живо у пичку лепу материну. Ама тоа е, нема избор. Сакал или не, ќе мора меѓу секои две турски серии да слушаш како Шилегов создава од Скопје малтене Париз. Јебо те он!

Малите пак ситни партии знаат дека нема шанси да имаат успех и да наместат свој градоначалник, па онака нај вошкарски ко оние што се на кеј кај пасошно, гледаат да се исценкаат. За што?... а бе за било што! Дај шта даш! Мора леб да се јаде!

Град!? Општина!? Прогрес!? Промени!?... Да бе! Ма не серите бре, преко Ашим сте му на секој едн што има грам мозак. Него, и тој што има грам мозак више е влезен во филмот ‘‘ ионака кој ме ебе мене, дај барем едно место како надворешен соработник‘‘! Ситен паушал, скуп живот!

Локалните избори, за разлика од парламентарните, имаат свој друг филм. Тука е се – бизнис! Нема тука патриотизам кур се тресе. Има проекти. Башка, привилегии, тендери, локална моќ која гарантира ‘‘кур ми е двор ми е‘‘ понашање. Локалните моќници се исто што и во турско време да се биде ‘‘ Ага‘‘.

Не мора да си Турчин денес за да бидеш Ага!

Какви се копуци станаа милионери! Довчерашни клошари! Лично познавам типови кои до вчера се гребеа цигари а денес за да збориш со нив треба да закажеш преку секретарка, зашто они се ‘‘ презаузети‘‘. Ебем ти живот!

Лично мислам дека на овие избори за разлика од минатите, соодносот на избрани градоначалници ке биде поинаков. Има многу незадоволни граѓани. Многу ‘‘ издупени‘‘ кои на минатите избори дале се од себе да се фатат на орото, а се фатиле за онакво мое! Ветувања,.. ветувања,.. и на крајот муда марјанова!

СДСМ на овие избори ќе плати скап данок на ‘‘играњето ташак‘‘ со многумина. И да не е така, не е потребно многу аналитика за да заклучиме дека на многу места ја утнаа работата.

Истото е и кај албанците. Само што таму приказната е поинаква. Таму е класична бизнис борба на платформа на веќе видената симфонија ‘‘ за тебе народе албански и за твојата посветла иднина‘‘. Јебала те иднина! Таа е општодржавна, само на локално ниво.

Народов е толку голем морон, што голта и сарма и боранија, ама во меѓувреме се покажа и докажа дека пред се пасе трева.

Лигуши и пушачи на сите страни. Секој со себе носи своја нова гарнитура администрација, советници, секретарки ‘‘ за диктирање материјал‘‘, швалерки, роднини, а богами и и шофери и чувари на општинското благо. Не постои држава во која на секоја четврта година се менува комплетната слика.

И затоа, се живо и диво се дало на увлекување у г‘с секој секому, само за да биде у екипата. Таков полтронизам, примитивизам, пушење, лигавење, женирање...

Да ти се згади гледано од страна. И ќе речеш јака држава сме. Ние сме Танзанија друже!

Можеш да замислиш да имаше паралелно и локални и парламентарни избори. Ууууу ! па тоа ќе беше ментална јебачина да се памти. Ни најбољите сценаристи на турски филмови не можат да смислат такво сценарио на срцедрапачки пораки од тие што ќе се распрдеа по медиумите.

А кога сме веќе кај медиумите, босанците викаат ‘‘ ооо, јадна ли вам мајка‘‘! А, нај јадна мајка и е мајката на МРТВ. Јебо те, национален медиум кој не го гледа скоро никој и не го ебава ни 2% ! Медиумите и целиот етер го држат неколку души кои кур ги заболе за се освен за профит.

Утре и јас ( Агим Јонуз) да станам премиер кој дава ‘‘витамини‘‘ има од мене да направат икона, ако не ме поднесуваат органски. Го знаете оној виц ‘‘Moses is Moses, but business is a business‘‘! Не! Е па што ве вртам!

Држава ! Која држава?! Северна Македонија!?

А, бе таа држава нема ни северна ни меверна таа си е Македонија! Па кој ебе и Грци и Бугари ( фигуративно, без намера да навредувам). Не е страшно да кажеме ‘‘ кој ги ебе нив‘‘, туку е страшно тоа што ние самите си се ебеме себе си‘‘.

А, како викаат,.. како што можеш сам да си го начукаш, не може никој да ти го начука!

Да!,.. знам дека сум простак! Ама, барем не пушам никому!

Ионака ништо не мењам! Освен чорапи и долен веш, због ради хигиена. Топло е, се зноиме, а ја сум фино дете! ‘‘Грацко‘‘, wink,..wink,..!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk