logo
logo
logo

Николоски во колумна за Фокус: За политичката корупција и политичката проституција

Vecer | 26.02.2023

Николоски во колумна за Фокус: За политичката корупција и политичката проституција

Деновиве Македонија во пракса гледа како изгледа политичката корупција и политичката проституција. Обидот да се зголеми владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ со внесувањето на Алијансата на Албанците на јавна сцена покажува како изгледа тоа. Со рушење на сите принципи на кои е поставена Македонија и газење на изборната волја на граѓаните се прави напор да се остане ден подолго на власт само заради продолжување на криминалот и корупцијата. Тоа е единствената логика.

Минатиот понеделник кога почна дебатата во Собранието на Македонија јас имав свој говор во кој објаснив како одеше траекторијата на “покана” за влез на Алијанса за Албанците во Владата. Tаа траекторија е многу едноставна. Минатата година имаше вонредни локални избори за Советот на град Тетово и на тие избори Алијанса на Албанците на изненадување на сите не освои ни еден советник, што ќе се согласите дека е далеку од нормално затоа што сепак Алијанса за Албанците беше втора политичка сила во Македонија помеѓу Албанците. Тој изборен резултат доведе до оставка на Зијадин Села од претседател на партија. Додека Зијадин Села беше претседател ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме одлична соработка со нив. Но факт е дека во тој регион во Гостивар и во Тетово Арбен Таравари е повлијателен и очигледно дека народски кажано го “намести” својот партиски претседател Зијадин Села со таков изборен резултат, се со цел Села да мора да си поднесе оставка.

Втората фаза е подарок куќа во елитната населба Тафталиџе во Скопје. Преубава куќа морам да признаам, вкупна квадратура до сега, зошто најверојатно и ќе се надоградува, е 261 квадрат. Oфицијално купена за 500 евра квадрат. Отворете било која Агенција за недвижности ќе видите дека куќа во Тафталиџе чини од 2.000 до 3.000 квадрат. Големо прашање е дали и тие 500 евра квадрат се платени, зошто до денес не видовме трансакција. Колку што се нашите сознанија, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш има кредибилни сознанија воопшто трансакција не е направена помеѓу трансакциската сметка на Арбен Таравари и на продавачот, па јавно прашувам дали воопшто има транскација или куќата е подарок? И третата фаза во ова сценарио е влегувањето на Алијансата на Албанците во Владата. Така што ова е една класична политичка корупција и политичка проституција која што се гледа на сцена.

Решението за оваа политичка и економска криза во која западна Македонија, за оваа криза во која криминалот цвета а економијата тоне, се предвремени парламентарни избори. Последните истражувања на јавното мислење кои што ги имаме покажуваат дека соодносот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како два главни политички конкуренти е некаде повеќе од 2 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е клучно и што на крај дава сила на политичките партии да ги реализираат своите програми е секако бројот на пратеници во Собранието.

Се што дискутираме би изгубило смисла доколку ВМРО-ДПМНЕ не добие сериозна референдумска поддршка на следните избори затоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка сила во Македонија која што може реално да ги валоризира желбите и потребите на македонскиот народ и сите кои што живеат во Макеоднија и затоа е потребно е да добиеме над 61 пратеник за да не бидеме уценувани од никого, од никакви Арбен Таравари, Али Ахмети, Артан Грби и слични белосветски измамници. И не е само ВМРО-ДПМНЕ да не биде уценувано, туку да не биде уценуван и народот. Сето останато како гласањето за помали сателит политички партии кои никако не можат да бидат во позиција да формираа влада е само пат кон катастрофа на македонскиот народ и е пат кон уште поголемо пљачкање на македонскиот народ и давање на шанса на типови како Али Ахмети, Артан Груби и Арбен Таравари, политички да преживеат. Мора да освои ВМРО-ДПМНЕ над 61 пратеник за да расчисти со овие структури и за сите кои се огрешија во изминативе години, направија криминал и корупција да си завршат таму каде им е местото.

Конечно мора да се стави крај на сфаќањето на политиката како место во кое се е дозволено, и како место во кое царуваат личните интереси. Оваа коалиција на СДСМ ДУИ и Арбен Таравари е грдото лице на политиката во Македонија кое мора да се промени по следните парламентарни избори.

Александар Николоски

извор: fokus.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk